ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА НА ЗАЕВ : По изборите неколку опозициски пратеници ќе влезат во владејачкото мнозинство

0
6626

Запрашан за излегување од владината коалицијата на Алијанасата на Албанците на Зијадин Села, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека СДСМ ја потврдува својата коалиција со ДУИ и додаде да се почитуваат соопштените договори пред кампањата за изборите.

– Локалната власт е различна од централната власт и многу е легитимно што Зијадин Села и ДПА за реформи или како тој ја нарекува Алијанса на Албанците влегол во коалиција со БЕСА. Јас немам проблем со тоа, видов дека е некаде со раководни структури и на ВМРО ДПМНЕ, како што е во Гостивар и имам разбирање. Веројатно се согласиле за програмата на локално ниво и тоа е во ред. Ние сме со ДУИ во коалиција и ги поддржуваме кандидатите во тие општини и оттука не гледам ништо дека тоа би можело да влијае, освен ако Зијадин Села и неговата партија не одлучат да напуштат. Мене ми е драго, тој го потврди тоа дека останува во Владата така апсолутно продолжуваме понатаму, рече Заев.

Тој потенцира дека парламентарното мнозинство ќе зајакнува бидејќи, како што рече, има многу демократи и чесни луѓе од опозицијата, кои што не се согласуваат со политиките на поделби, национализам, анатагонизам во општеството, а на Македонија во наредниот период и доаѓаат убави перспективи. Заев смета дека доаѓа и период на сплотеност и на инклузивност на опозицијата внатре.

– Јас верувам дека неколку пратеници ќе се охрабрат да ги поддржат политиките, кои им требаат на граѓаните на Република Македонија. Убеден сум во тоа, така следува период на засукување на ракавите и работење во интерес на граѓаните, рече Заев.