Тепате жени, млади, мажи, стари луѓе! Кого браните?!

0
1998

Гнасни сте ми! Гадни сте ми! Тепате жени, млади, мажи, стари луѓе! Со гнасните чизми прегазивте тројца луѓе!!! На девојче му скршивте ’рбет! Бевме мирни! А вие?

ognen-janeski

Вие тргнавте против својот народ, своите браќа, сестри, мајки и татковци! Вашите синови и ќерки! Гадови едни! Убијци! Го бркате вашот народ! Им пративте водени топови на своите луѓе! А се бориме за слобода! Кого браните?! Кого?! Ги браните тие што го заташкаа убиството на Мартин Нешкоски! Ги браните тие што ја убија Тамара Димовска! Ги браните тие што го убија Никола Младенов! Кого браните, гадови едни?

Седевме на земја пред изјајчарената ви и гнасна невлада, а вие газевте преку нас! Бездушни! Едвај им избегав на тројца специјалци што ме бркаа низ сокаци, за да ме удираат оти ги прашувам кого бранат! Со тајзери и пендреци го тепате народот што си ја бара слободата и бара Јанкуловска, Котевски, Груевски, Протуѓер, Мијалков и останатите да одговараат за сè што му направија на овој народ! Ја уништивте државата, гадови едни! Гнаси!

Убијци! Убијци! Убијци! Убијци!!! Ќе одговарате! Ќе одговарате сите вие што ја поддржувате сè уште оваа невлада! Ги замолувам сите што ја поддржуваат оваа гнасотија и ја релативизираат, да не ми се обраќаат повеќе!

П.С. И ако ме апсите утре, поради тоа што бев прегласен, еве да знаете, не праќајте многу специјалци. Јас сум мирен, не сум како вас, гниди едни!!!

Kisses to all, except to the dictators and their policemen!

Фејсбук статус на Огнен Јаневски