Тенизите во Бутел попуштија, полицијата не дозволува блиски контакти

0
884

Состојбата во Бутел е релативно мирна по вечерашните тензии кога група Македонци тргнаа да го преземат местото каде што треба да биде изграден крст висок 55 метри, а кое од вчера го запоседнаа приврзаници на ДУИ, јавува „Мета“.

Помала група Македонци сè уште е таму, но полицијата ги држи на одалеченост од еден километар од местото каде што камапува групата што не се согласува со изградба на крстот.

12789959_10206071600005383_1185241627_o

Полицијата е опремена со водени топови и со оклопни возила.

Граѓаните кои се собраа „во одбрана на крстот“, палат контејнери и извикуваат националистички пароли.

На местото каде што кампуваат граѓаните кои се против изградбата на крстот, состојбата е мирна, но исто така со засилено полициско обезбедување.

Инаку, сосотојбата е невообичаено мирна на Бит-пазар и во Чаир, а возилата се пропуштаат само до крајот на Топанско Поле, пред влезот на Бутел.