Темелковски за случајот во ОХИС: Граѓаните ги смирувавме преку социјални мрежи, да не се крева непотребна паника!

0
914

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски порача дека не чувствувал никакви мачнини кога бил во фабриката ОХИС кога се случи излевањето на линданот од цистерната.

„Ние бевме уште во петокот утрото. Неколку часа поминав таму и немав никакви симптоми. За останатите не знам. Јас сигурно нема да си го загрозам животот од било кои причини. Јас имам фамилија, роднини, пријатели. Пред се, имате гласачи пред кои се одговорни. Граѓаните ги смирувавме преку соопштенија до медиумите, преку социјалните мрежи, за да не се крева непотребна паника“, истакна Темелковски.