Телма: Заев бара оставка од Груевски и министерски места, Груевски не прифаќа!

0
1271

На преговорите кои се уште се во тек, претседателот на СДСМ Зоран Заев, барал Груевски да замине од функцијата, а на СДСМ да и припаднат министерствата за внатрешни работи и за финансии. Исто така, СДСМ барал и смена на сегашниот Јавен обвинител Марко Зврлески, јавува телевизија „Телма“.

image_1436902640_07

Овие барања, според изворите на „Телма“, ги отфрлил премиерот Груевски. Тој ниту сака да се повлече од функцијата ниту да има промена на министрите.

Преговорите траат повеќе од седум часа, со дипломатско посредништво од Брисел.