Телма: Додека Камчев го собирал милионот за рекетот, во СЈО мислеле дека се спрема да бега

0
1024

Парите од снимката на италијанскиот весник „Ла Верита“, според информациите на Телма од истражни органи, се подигнати како позајмица преку Банка во која сопственички удел има Орце Камчев, сведокот. Позајмиците ги даваат други фирми на Камчев, и се дадени на лично име на сопругата на Камчев и на друга жена близок роднина на сведокот. Трансакциите се регистрирани во финаниско разузнавање, а потоа како сомнителни се пријавени во СЈО. Таму била разгледана информацијата, првин се мислело дека е подготовка за бегство на Камчев кој е соомничен во случајот Империја.

Но мислењето на финансискиот истражител било дека овој начин на извлекување пари потсетува на исплата на рекет или изнуда и дека тоа може да се провери. Анализата е доставена до кабинетот на специјалната обвинителка Јанева, но ништо не било преземено.

Парите се спакувани во торба, покриени со весници, но и со документи дека се легално извадени од банка. Луј витонот со милионот го зема Зоран Милески Кичеец, покажуваат камерите од куќата каде се дадени. Кичеец и Бојан Јовановски Боки 13 излегуваат од куќата откако лице од обезбедување ќе им отвори, а на вратата ги испраќа и домаќинот Орце Камчев.

Двајцата сега притворени излегуваат на улица и се качуваат во портокалов автомобил. Снимката завршува. Снимките со пакуваните пари се снимени со мобилен, додека останатите се од три безбедносни камери на куќата на сведокот.