КУМАШИНОТ НА МИЈАЛКОВ, ЖАРКО ЛУКОВСКИ ГО ПРЕТВОРИЛ ТЕЛЕКОМ во ДУВЛО преку кое МАФИЈАТА на Црни Грујо и бате Саше прислушкувале нелегално СТОТИНА јавни личности (новинари, бизнисмени, адвокати)!

0
4798

Над стотина новинари, бизнисмени, адвокати и други јавни личности кои испратиле барање, добиле потврда од СЈО дека нелегално биле прислушувани, а добар дел од нив веќе биле и сослушани во рамките на истрагата „Таргет“, потврдија за Телма, извори од специјалното обвинителство. Прислушуваните се водат како оштетени и поради тоа е побарана изјава од нив. Дополнително истражителите очекуваат потврда дека и многу други јавни личности се следени доколку се спроведе постапката за претрес на системот во Телеком преку кој оди следењето на комуникации.

makedonski-telekom1

Токму во Телеком денеска беше тим на Специјалното јавно обвинителство кој се сретна со менаџери од најголемиот телекомуникациски оператор. Во тимот на СЈО беа обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, а во менаџерските канцеларии во Телеком се задржаа 90-тина минути по што ги избегнаа новинарите излегувајќи од страничен излез на зградата. Без детали соопштија дека имале средба на повисоко ниво со претставници на Телеком.

„Во просториите на „Македонски Телеком“ денес е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, со цел да се изнајде решение за предметите од интерес на ова Јавно обвинителство. Очекуваме воспоставената соработка да продолжи и во претстојниот период.“

Досега од СЈО не успеаа да се договорат со претставници на Телеком да извршат увид во системот на компанијата кој директно е поврзан со МВР и системот за следење на комуникации. Покрај тоа судот 4 пати одби да одобри претрес, првиот пат затоа што не била посочена точната просторија каде се наоѓа системот во зградата на Телеком, вториот пат затоа што судот оценил дека и да дозволат претрес можно е системот веќе да е префрлен на друга локација во истата зграда, а последниот пат судот за да одобри претрес ја барал целосната наредба за истрага за случајот „Таргет“ во која се наведени и осомничени, и оштетени и можни сведоци.

По одбивањето СЈО се обидува преку странските претставници во бордот на директори да дојде до податоци за да ги спореди со податоците добиени во УБК за над 20 илјади прислушувани телефонски броеви.