Телеграма од претседателот Заев за загубата на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова

0
1187

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова.

„Од мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатувам искрено сочувство до вашето семејство како и до роднините, пријателите и колегите на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова. Нејзиното маркантно творештво и големиот придонес кон промоција на македонската песна, етно музика и култура ќе останат врежани како неизбршлив траг во поновата историја на Македонија. Делото на Лазарова не обврзува сите како граѓани на Р.Македонија кои искрено си ја сакаме и почитуваме земјата да продолжиме заедно да ја негуваме, почитуваме и промовираме нашата заедничка култура и традиција на начин на кој тоа го правеше почитуваната Вања“ напиша во телеграмата претседателот на СДСМ, Зоран Заев.