Текст за жените кои не го преживејаа ЈКП Идризово за смешни обвиненија, а Ивона за 4 милиони евра што ќе ЛЕЖИ НА СЛОБОДА!!!

0
3602

Ивона мрсулката условно казнета. Текстов го посветувам на многу жени девојки и малолетни деца кои со години скапуваа во женското одделение во Идризово, а истата оваа пачавра Ивона иронично им се потсмеваше во “нејзините” вести.

Чаки малолетна порасна во женско, таму и почина на 18 години на 09.03.2012. Беше осудена на повеќегодишни казни за џепарење. Дела со штета од 500 до 1000 денари. На 8ми Март гнасава Ивона имаше прилог, се смееше. Судбина, кадарот најдолго беше задржан на Чаки. Кате, со очигледна ментална болест, осудена на повеќегодишна затворска казна за ситни кражби.

Едната 2 години за кражба на една лента диазепам и пенкало од лекарска ординација. Кате во Идризово се разболи од тешка болест…Баби од 70-80 години осудени за глупости за Рипли. Најстарата 85 години. Нејзините солзи тешки како планина. Ги носевме сите.Стравот во очите. Ја натерале дома да потпише хипотека. Живее Идризово свој зачаран круг со луѓе кои не се за таму. Најлесно е некого да го испратиш во Идризово наместо да го лечиш.

Судиите се исти. Слепи. Слепи за дрољата Ивона, слепи за ментално болните и старите на кој им судат и за што им судат. А да УСЛОВНАТА СЛОБОДА на мрсулката ИВОНА ќе ја платат вакви болни и стари со затворски казни да го пополнат бројот во судските статистики. МНОГУ ИДРИЗОВО НЕ ГО ПРЕЖИВЕАА. Ја изгубија битката меѓу неправдата, бетонот, сиромаштијата, болеста.

Битно селанката Ивона ја спасивте,кому му е гајле дека Кате пополека згаснува во Идризово. Кате за разлика од Ивона има дете, Кате немала друг избор во животот, за разлика од силиконската дроља.

Фејсбук статус на Станислава Станче