ТЕКОВЕН ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ КОМЕНТАР

0
1076
Оваа влада токму сега најде да се пресметува со огранокот на ИСИЛ овде. Можеше пред година или две да го стори истото, но најде за сходно да го направи тоа токму сега, во очи на изборот на СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ.
zoran-jovanovski1
Веќе се сомневам во сè MADE IN GRUEVSKI, па се сомневам и во искреноста на владата за решавање на овој проблем. Не ја исклучувам можноста тие ова да го прават поради барање на “РЧКА„ со ИСИЛ, освети од нивна страна, дестабилизација и повторна екстремна поларизација на релациите МАКЕДОНЦИ/АЛБАНЦИ. Земајќи го в предвид фактот дека ИСИЛ нема никакви активности насочени против нашата држава, а земајќи го в предвид и односот на Американската администрација кон Груевски, ова исто така може да се толкува и како негово додворување на Американците и одработување за нив, барајќи милост од нивните понатамошни активноси во разрешувањето на политичката криза во РМ која што следи.
Во секој случај ако ИСИЛ удри по Македонија ние (а вклучително и нашата влада) добиваме симпатии и сожалување од АМЕРИКА како и од целиот ЗАПАД.
Исто така чуден е вчерашниот инцидент на плоштадот Македонија каде што група маскирани Македонци напаѓаат група на Албанци. Не ја исклучувам можноста тоа да е исценирано токму од страна на власта, па да следат освети и ДОМИНО ЕФЕКТИ и повторно национално зачаурување од страна на двата етникума …
И тогаш на сцена стапуваат двајцата големи национални ДУШЕГРИЖНИЦИ и ПАСТИРИ. Нивното височество ГРУЕВСКИ и АХМЕТИ.
Само екстрмното влошување на меѓуетничките односи до степен на меѓуетничка војна е СПАС за главните играчи во оваа влада (особено од Македонска страна) па затоа фрлам сомнеж на СИТЕ меѓуетнички куршлузи, што се случија од почетокот на објавувањето на БОМБИТЕ па наваму, а земајќи ја в предвид онаа стара добра Американска криминалистичко-конспиративна логика дека најверојатен починител е токму оној кој би имал највеќе КОРИСТ од последиците од НОВОНАСТАНАТАТА предизвикана ситуација.
Но за среќа и Албанците во РМ созреаа и не дозволуваат повеќе манипулации од нивните ГОЛЕМИ национални спасители, како и од малцинското “нацоиналистичко јадро„ (кое е присутно во секој етникум и за жал неизбежно). Се почитуваат и живеат во мир со нивните вековни сограѓани, со нас Македонците.
Пишува : Зоран Јовановски