ТВРДОКОРНИТЕ НЕМААТ ДРУГО ЧАРЕ, ОТКАКО ГРУЈО И ВМРО-ДПМНЕ ГИ ИСКОРИСТИЈА КАКО ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ СЕГА ПОВИКУВААТ НА МАРШ ЗА ДА СЕ КУРТУЛАТ ОД ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ КОИ ИМ ВИСАТ ОКОЛУ ВРАТ!!!

0
1565
СЛУЖБЕНО СООПШТЕНИЕ – ПОВИК ЗА ПРОТЕСТЕН МАРШ

ДОЛЖНОСТА ТЕ ПОВИКУВА! МАКЕДОНИЈА ТЕ ПОВИКУВА!
Секој Македонец е должен да земе учество во одбрана на загрозените македонски национални вредности. Петтоколонашите одеднаш широко ги отворија вратите за влез на сите новообновени хегемонистички барања од соседните држави кон Македонија. Ни се закануваат со целосно освојување на нашиот национален простор. Ни се закануваат со менување на историјата класифицирајќи ја како подбугарска. Во сопствената држава спроведуваат и ни се закануваат со уште подлабоко подредување на албанското малцинство. Ни се закануваат со бришење на македонското име и сегашниот личносен идентитет. Ни се закануваат со претопување со бројна исламска миграција… Закани санкционирани со судски казнувања. Казнувањето е веќе започнато… со притворањето на македонските браќа кои во Собрание ги бранеа националната чест и Уставот на Македонија.

СИНЏИРОТ Е ОТПУШТЕН
Но сега кога сме изложени на отворени напади, не се свесни дека исто така нам ни се отворени можностите за противнапад. Мислат Македонците се слаби, со Македонците сега е завршено. Кога отворено дејствуваат да не разнебитат, ни дадоа право за отворено да возвратиме. Ни дадоа целосно морално право да бидеме ослободени од стегите на христијанската долготрпеливост и преку решително изложување на нашите историски права да однесеме конечна победа над сите многувековни национални неправди.Тие мислат Македонците се пред пораз, Македонија ги издишува последните здивови. Но не сфаќаат дека со отвореното наметнување на окупацијата ни отворија можност да ја разобличиме досегашната прикриена окупација. Од која, како нација, тивко умиравме. Но злото нема смиреност и не додржаа да не ги откријат своите вистински намери. Нема ништо посилно од вистината. Вистината не може да биде победена, за оној кој ќе ја употреби. За нас одлучува нашиот збор. Кои сме ние Македонците, она кое го чувствуваме во срцето и го искажуваме со нашата величествена, милениумска, неагресивна и хумана култура е вистината која сите ги боли. Вистината поради која ни завидуваат настојувајќи да извршат грабеж над величествената македонска култура.

НИЕ СМЕ АВТЕНТИЧЕН ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Не ве повикуваме само од името на МПЗ Тврдокорни туку ве повикуваме во името на сите излажани, понижени, ограбени, изневерени и разочарани Македонци…  Нашиот глас е веродостоен глас на македонскиот народ. Зад нас не постои партија, зад нас не постои нечија лоби групација. Немаме ниту поединци олигарси ниту политичари за покровители. Ние сме обични Македонци кои ги боли за Македонија. Припадници на својот македонски народ кои го чувствуваме и искажуваме тоа што народот го чувствува. Од таму од нашето автентично претставување на македонските интереси произлегува нашето право да повикуваме за исполнување на патриотската должност.
Продадената политичка елита која не го слуша и го лаже народот може да се договара и да кажува во свое име. За тоа кои сме ние, ние знаеме.Тие можат да лажат и да блефираат, но во народот е силата, а кога нема никој друг ние ќе го поведиме народот.

ОТВОРЕНА Е ПОЛИТИЧКАТА ВОЈНА ЗА МАКЕДОНИЈА!
Во оваа политичка војна за Македонија нема изговор за ниеден Македонец да не го даде својот придонес. Ако се нарекуваш Македонец/Македонка должен си да го кренеш својот глас и да се спротивставиш против разнебитувачите. Млади и стари, образовани и необразовани, сите се должни да земат учество во одбраната на Македонија.
Саботниот марш во Скопје нема да биде со вообичаен карактер. Тоа ќе биде собир за самоорганизирање како најдобро да се спротивставиме на внатрешните предавства и надворешните напади. Сите сложно здружено во одбрана на македонштината за што побргу да ја добиеме оваа политичка војна пред да премине во нешто уште пострашно.
Соопштение на ,,ТВРДОКОРНИ”.