ТВРДОКОРНИТЕ И ЌОСИЊАТА ЗАЕДНО СО ТОДОР АХМАДИНЕЏАТ ПЕТРОВ ОД СМК ПОВИКУВААТ НА ВОСТАНИЕ И СВЕТА ВОЈНА ПРОТИВ ПРЕДАВНИЦИТЕ!!!

0
2278
П Р О Г Л А С
СМК, ПРЕРОДБА, ТВРДОКОРНИ – МОС
8ми Коложег 2018 година, обзнануваме ПОВИК за КАМПАЊА НА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ како граѓанско средство со кое се спротивставуваме на политичкото насилство врз македонскиот народ. Во услови на сеопшти напади за разграбување на македонската државност ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ И ПРИЈАТЕЛИTE НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, на секое место низ разни облици на граѓанска непослушност да го одбраниме својот дом и да ја одбраниме скапо платената македонска државност.
 
Кампањата на ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ и МОРАЛНО ЖИГОСУВАЊЕ се води против внатрешните сили, како партии, организации, така и поединци кои вршат дејства во спроведување на плановите за разнебитување на македонската нација.
Не ги признаваме за легитимни органите кои себе си се нарекуваат: Собрание, Влада и судство на Република Македонија, се додека управувањето со Македонија не му се врати на нејзиниот легитимен историски носител – МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Посебно не признаваме ниту една одлука од национален карактер која ќе ја донесат наведените органи. Во секоја прилика ќе даваме отпор во спроведувањето на секоја нивна одлука.
 
Сите оние кои во таканареченото Собрание ќе гласаат за навестените антимакедонски закони ќе бидат сметани за непријатели на македонскиот народ. 
Посебно родените како Македонци кои ќе гласаат за законите како: Законот за јазиците со кој се воведува франкештајнска досега невидена двонационална држава. Договорот за добрососедство со Република Бугарија со кој македонската историја, а со тоа и македонската нација се третираат како бугарски. Планот 3-6-9 со кој се напаѓаат моралот и здравата духовна култура на македонскиот народ. И на крај договарањата за името со кој македонското име во меѓународните односи му се предаваат во сопственост на јужниот сосед. 
Сите пратеници кои ќе учествуваат во гласањето на овие антимакедонски закони ќе бидат сметани како изроди од македонскиот народ. Тие и нивните нечесни семејства, нечесни родители и нечесно потомство секаде ќе бидат подложени на третман како одродници. Одродници кои во услови кога се работи за живот и смрт не се обѕрнале на тешката состојба кај сопствениот сиромашен народ туку им се приклучиле на ударите врз народот насочувани од надворешните непријатели.
 
Сите пратеници по име и презиме ќе бидат наведени и од моментот на гласање ќе го носат јудиниот белег. Кога Македонија ќе му биде вратена на македонскиот народ, секој од нив ќе одговара за својот придонес во велепредавството.
Го повикуваме СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ И СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНЦИТЕ да прекинат било какво деловно или приватно општење со личностите и организациите кои учествуваат во предавничките договорања. Не ги послушавте нашите предупредувачки зборови и зборовите завршија, започнуваат делата.

Во иднина наредните денови, недели, месеци, сѐ додека Македонија не му се врати на македонскиот народ, на пошироката јавност ќе и бидат давани насоки за начините на изразување на граѓанската непослушност.

Оваа кампања заеднички здружено ја активираат:
ТВРДОКОРНИ
МОС Македонски Обединети Сили
Движењето Преродба
Светски Македонски Конгрес

Наскоро со свое соопштение ќе излезе и Светскиот Македонски Конгрес.

Разговараме и имаме незванична поддршка и од други организации.
Повикуваме македонските патриотски и национални организации со свој претставник да се приклучат во неформалното тело кое ќе дава насоки во кампањата за граѓанска непослушност.