ТВРДИНА: Гордана Јанкуловска веќе еден час е на распит во Кривичниот суд

0
1376

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска веќе еден час е во Кривичниот суд, како осомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Тврдина“ кој го отвори СЈО, јавува „Телма“.

Денеска Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1, треба да одлучи дали неа и на двајца началници од УБК и еден архивар од Петтата управа, сите осомничени во случајот на СЈО наречен „Тврдина“ ќе им бидат одземени патните исправи.

За сите нив СЈО предложи мерки на претпазливост, а за шефот на Петтата управа, Горан Грујоски притвор, но тој по одлука на Кривичниот совет беше пуштен во домашен притвор.

Специјалното обвинителствто го сомничи началникот на петтата Управа како организатор на уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување во МВР.