Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

0
883

Кога правото зборува, политиката треба да молчи, ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи по распитот во Специјалното јавно обвинителство, пренесува „Мета“.

Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван.

Во СЈО се уште е претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, Силвана Бонева, која исто така пристигна во 11 часот.

Според информациите, денеска на распит е повикан и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, но тој се уште не е пристигнат во СЈО.

Нема официјални информации за кој случај СЈО ги повика Тачи, Бонева и Ибраимовски, но неофицијално се шпекулира дека станува збор за случаите за изборни нерегуларности и манипулации, што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата минатата година.

Извор: Мета