Тачи во СЈО сведочел за изборен криминал во 2011 година правен во Зајас, Осломеј, Кичево, Скопје и Липково

0
865

Мендух Тачи, лидерот на ДПА во СЈО денеска бил повикан во својство на сведок, јави Алсат М.

Високи извори од ДПА изјавија дека претседателот на оваа партија бил испрашуван од Специјалното јавно обвинителство поради сомнежите за манипулациите на изборите од 2011 година во општина Зајас, Осломеј, Кичево, во Скопје и во Липково.

Во овој случај, според истиот извор, Тачи пред обвинителите ги доставил сите информации и докази за манипулациите кои ги направиле ДУИ на тие избори.