Тасева: Анѓушев се закани „ќе те тужам, знаеш ли кој сум јас, јас сум најмладиот доктор на науки!“

0
1312

Претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека вицепремиерт, Кочо Анѓушев, и се заканил и покажал агресија откако невладината организација за корупција објави сомневања за кримнал во стечајот на „Фени Индустри“, во кои наводно е вмешан и Анѓушев.

„Анѓушев се закани: ќе одам до крај, ќе те тужам, знаеш ли кој сум јас, јас сум најмладиот доктор на науки! Сето тоа со агресија, ароганција, и со неговиот бодигард до него, на приемот на Британскиот амбасадор.

Јас такво закана и агресивност не сум доживеала ниту во Авганистан каде некои од луѓето во власта се воени лордови. Тие што синока стоеја до мене останаа шокирани! Ова ли е владата за која одевме по улиците

Очигледно случајот Фени и мониторингот над стечајот што е во тек, вознемири многумина, а најмногу именуваниот. Постојано бара да гледаме што било пред тоа, односно кој крадел порано, а не што се прави сега. 

Господа, криминалот и работењето пред стечајот нека го истражат и докажат институциите. Ние правиме мониторинг на тоа како се води стечајот денеска. А таму има проблем, стечајот НЕ се води добро. И затоа има паника“, напиша Тасева на својот фејсбук профил.