Здраво ВМРО,
Тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација.
Како второ, кажете која е пациентката што починала од труење на крвта, има ли име и презиме, ако има треба да се пријави во надлежните институции за да се превземаат мерки! Меѓутоа и вие знаете дека нема таков случај.
Како трето, вие немате кредибилитет и релевантност да зборите за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе….место да измислувате приказни за деца, почнете да се реформирате и да ги исчистите своите редови од криминалци и лопови, бидејќи знам дека и меѓу вас има чесни и добри луѓе, кои треба да ја водат конструктивната опозиција.
И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е 😉
Искрено,
Арбен Таравари
Фејсбук статус на министерот за здравство, Арбен Таравари