Тамара Тодевска повика на масовен протест против загадувањето : ДЕЧКИ, ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ДИШЕМЕ, НЕСАКАМЕ КАНЦЕРОГЕНО ОПШТЕСТВО!

0
1552

Да пробаме да бидеме сложни барем кога за здравјето наше и на нашите најблиски се работи, вели пејачката Тамара Тодевска и повика на масовен протест поради енормното загадување.

Здраво напатен пријателу Ти што воздух не можеш да земеш
Да пробаме да бидеме сложни барем кога за здравјето наше и на нашите најблиски се работи.

Мирен но МАСОВЕН протест да им даде до знаење дека ни треба сериозни, способни луѓе наспроти шарлатани кои ќе не извадат од најтемната и најзагадената точка на светов.

Состојбата е алармантна и од ден на ден станува неподнослива. Да не дозволиме да не навикнат на “живот” во канцерогено општество. САБОТА 26.01.2019 г. во 13.00h.

Собрание на Р.Македонија, Протест против КАНЦЕРОГЕНОТО ОПШЕСТВО!!! ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ДИШЕМЕ!!! Ако се согласувате,препратете ја поракава на колку повеќе луѓе можете.

ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ!