Тамара се извини: Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната

0
1368

По прескокнувањето на првата строфа од македонската химна, пејачката Тамара Тодевска и се извинува на јавноста:

Почитувани,

Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.

Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.

Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.

Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.

Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.

Со почит, Тамара