ТАЛАТ ЏАФЕРИ СЕ БРАНИ: Не прифаќам диктат од никого па ниту од пратениците на СДСМ, комисијата не си ја заврши работата, не донесе заклучок, собранието не смее да се претвори во судница?!

0
1278

Спикерот Талат Џафери наместо да осговори зошто ја прекина седницата, се впушти во подлабока одбрана на Трајко Вељановски па објаснува дека собранието немало право да го суди и дека комисијата не донела заклучок па затоа собранието немало што да гласа?!?!

Ова е во спротивност од неговиот вчерашен настап од говорницата каде даде на знаење дека има намера да стави точка на дневен ред гласање по барањето од судот?!

– “Јас нема да работам под ничиј диктат, па ниту под диктат и од пратениците од СДСМ, јас ќе им служам на сите пратеници и ќе се водам од уставот, деловникот и законите.” – рече Џафери.