Така млади, а толку КАТИЛИ

0
1153

Уште на старт да повторам нешто што сум рекол, бомбиве за мене се ВИСТИНАТА за една аздисана власт,и ич немам дилема дека граѓаните треба да ги слушнат. Мора да имаат престава какви луѓе ги водат, и кога ги имате така инфлагранти како што ги добил Заев, злосторство кон своите грагани би било да молчиш, да си свиркаш и да не ги обзнаниш. Не зборувам само за оваа, најискрено мислам дека за секоја власт, вакви работи ако ги знаеш, а не ги кажеш, си ПРЕДАВНИК на својот народ.

aco-kabranov

На тие што ги снимале, законски било или не, секоја чест. Народот мора да знае, сопствената кожичка, на тој што добил задача и ги снимал мора да биде во втор план.

Туку, овие бомбиве, колку и јавно изофираните наши ВИП персони да глумат, да ги игнорираат, да се правдаат дека биле лепени, долепувани со селотејп, чинам употребуваат и збор креирани, е истите тие треба да бидат БЛАГОДАРНИ. Да да,сериозно мислам дека откако ќе им помине лутината што се разголени, ќе дојде ден, ќе си се испрашаат самите себеси, што е тоа во нив што ги направило од луѓе НЕЛУЃЕ. Старите велат,дај му на човек власт ако сакаш да видиш каков е.

Ова совршено се поклопува со јунаците на оваа моја колумна, почитуваните Гоци, Мартинче и Миленце. Шефот нивни не е ич млад, а  за мене е и апсолвирано дека е невиден ЛИЦЕМЕР и манипулант. Него секогаш го доживувам ко лукративно типче  зависно од дрпање, како што е алкохоличар по ракијата. За него толку, деновите и месеците што идат ке покажат што си сместил да му се случува, приватно мислам, како политичар кариерата му е ептен капут.

Овие тројцава негови верни слуги,од бомбиве кога ги слушам, само подштукнувам и да бидам искрен се прашувам: А зошто овие деца толку млади, а толку КАТИЛИ.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ