СJO: Не сме добиле покана од собранието

0
1048

Специјалното обвинитлество денеска негираше дека добиле писмена покана од Комисијата за политички систем, а дали ќе учествуваат во расправата, ќе одлучат дополнително. Сепак, портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска е децидна дека немаат законска обврска за присуство на седницата, што не произлегува ниту од Законот што ја регулира нивната работа, ниту од Деловникот на Собранието на Македонија.

„Специјалното обвинителство е независно и професионално тело и не е обврзано да го презентира извештајот пред Собранието, ниту пред Советот на јавни обвинители. Нашиот извештај истиот ден кога го доставивме беше јавно објавен и достапен до јавноста и не гледаме причина да го браниме“, рече Ристоска.

На забелешките на претседателот на Комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев дека „Јанева се става над Уставот“, а пред пратениците дава отчет и шефот на државата, Ристоска со коментар: „Претседателот е политичка функција, а ние сме нешто друго.Со ништо не сме го прекршиле законот“, нагласи обвинителката Ристоска.

Таа потврдува дека не добиле покана за учество ниту на задутрешната седница на Советот на јавни обвинители. „Претседателот Аневски самиот призна дека досега немало практика претседателите на обвинителства да ги презентираат извештаите, а тоа што доаѓа државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски е затоа што тој по функција е член на Советот“, заклучува Ристоска.

извор: Утрински весник