СЈО истражува: Режимот вмешан и во трговија со оружје?

0
1044

Новоформираната групација за оружје и опрема во стопанската Комора досега немала контакти од специјалното обвинителство за предистражната постпка која СЈО ја води за увоз на воено и полициско оружје и опрема, објави Телма.

КОД на ТВ Телма објави дека од УЈП и Царината специјалното обвинителство побарало и добило документација за увоз на оружје и се проверуваат сериозните сомнежи за можна корупција во случај на оружје кое било увезено, а потоа и дел продадено надвор од државата. Во групацијата за оружје велат дека сите фирми работат врз основа на лиценци за трговија со оружје.

Од специјалното обвинителство за Телма изјавија дека не даваат информации за предистражни постапки кога ги прашале за случајот со оружјето и дали високо позиционирани функционери се вклучени во тој бизнис. Светскиот пазар со оружје е потполно регулиран со соодветни дозволи и сертификати. Неколку македонски фирми вршат таканаречен реекспорт, односно купуваат оружје од една земја и го продаваат на друга, а тоа е нормално во бизнисот.

Фирмите кои се занимаваат со производство и трговија на оружје и опрема формираа групација за да ги подобрат условите за работа и за да се овозможи полесен влез на странски партнери. Најголемиот дел од оружјето и муницијата, Македонија увезува, а најголемите корисници се МВР и Министерството за одбрана. Македонските производители кои се ретки на број некогаш од министерствата не добиваат ниту покани да учествуваат на тендерите. И покрај слабата индустрија на оружје пред 2 години Македонија извезла над милион и 300 илјади евра опрема и оружје. Во оваа бројка спаѓа и извоз во Бангладеш на 100 илјади гумени куршуми, кои не се произведуваат во државата.