СЈО го рокна и првиот куртон на ВМРО-ДПМНЕ, Латас кој затајувал данок и се офајдил со 180.000 евриња – Преку своите фирми Лаки незаконски си купувал душеци и часовник од 2.341 евра, мебел, персиски теписи и друго

0
4824

Специјалното јавно обвинителство денеска презентираше четири нови истраги, сите за финансиски крмиинал каде воедно се вмешани и фирмите на Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска, ,,Тотал маркетинг” ДООЕЛ и „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ..

Една од истрагите е за фирмата „Тотал“ за даночно затајување против физичко лице сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Осомничениот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра. Сопственик и управител на компаниите во бил новинарот Драган Павловиќ – Латас.