СЈО во втор обид за освојување на „Тврдината“ на УБК – дел од доказите остануваат класифицирани

0
968

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес за случајот што го иницираше СЈО, познат како  „Тврдина 2“, за уништување документи за набава на опремата за следење на комуникациите.

Специјалното јавно обвинителство добило „дозвола“ од Управата за безбедност и контраразузнавање, чии седум вработени се обвинети во овој предмет, за користење на класифицираните докази во судската постапка. Судот го задолжи СЈО да обезбеди декласификација на доказите, од тој кој ги создал и ги класифицирал, а тоа е самата Управа, чии вработени ги сториле кривичните дела.

Порталот Сведок дознава дека дел од доказите останале со степен на квалификација, но тоа не е проблем, само тие, да бидат изведени на едно рочиште или на дел од него, каде што ќе биде исклучена јавноста.

Целата сторија ОВДЕ