Судската ,,БОМБА” која ја објави ,,Народен Глас” а ниеден медиум не ја пренесе ви ја пренесува и ,,Фокус” – Маријан Ефремов пред апелација : Мијалков, Мирка и Грујевски шпионирале за српската тајна служба!

0
4938


ГРУЕВИЗАМ ИЛИ ИДИОТИЗАМ!?
Благодарение на ДПМНЕ-бандитска би требало да ни се случи крешчендото. Да почнеме од почеток, од 1990. Затоа и поддржувам во опозицискиот фронт, на изборните листи, да има од сите „бои и лакови“. СДСМ поради сите гревови од минатото, а за кои не се извини иако плати цена на избори, сама не може да го победи идиотизмот. Сега не е битна програма од типот колку метри и километри, туку ШАРЕН ФРОНТ за ВРАЌАЊЕ НА НОРМАЛНОСТА.

ШПИОНСКИ „БОМБИ“ ВО СУДОТ
На јавната расправа пред Апелација, првообвинетиот во случајот „Шпион“ Маријан Ефремов „испука“ бомби за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујевски, за кои тој доставил докази до судот дека шпионирале за српската тајна службаnaslovna-1092-696x939

НАМЕСТО СТРУЈА, ПРОИЗВЕДУВААТ ОЛИГАРСИ
Според податоците од Бирото за јавни набавки, за четири години, ГП „Пелистер“ на Силјан Мицевски заработила близу 110 милиони евра од шест тендери со АД „ЕЛЕМ“, а „Трансмет“ на Сеад Кочан“, пак, кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК „Битола“

ЧАВКОВ ГО ПОДГОТВИЛ МВРО-ВМРО
Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ за полициско преземање на изборите почнала уште месеци наназад, но кулминира неодамна. Екс министерот Чавков, пред да си замине, направил околу 400 прераспоредувања во МВР со проверени партиски кадри кои ќе го слушаат него, а не министерот Спасовски

КРАЈ НА ПЛЕМЕНСКИТЕ ВОДАЧИ?
Потегот на Заев за ангажман на Мухамед Зекири можеби изгледа каскадерски, но е единствената стратегија за нов политички почеток во Македонија. Можеби не е дојдено време за крај на моноетничките партии, но е заден час за уривање на митот дека Ахмети и Тачи ги штитат Албанците, а Груевски – Македонците

МЕТОД НА ЕЛИМИНАЦИЈА
Како СДСМ да го избегне поразот на претстојните избори? Па, прво нека направат длабока и исцрпна постмортем анализа на сите порази од 2005 до 2014. Aко пак изгубат на изборите, најверојатно нема да остане кој да прави пост мортем анализа, ниту на опозицијата, ниту на Македонија

Колумнисти:

д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
ДПМНЕ денес е збирштина на кариеристи, политички трансферисти, користољупци и криминалци на кои партијата им е единствена закрила која ги брани од одговорноста пред законите и силата на правдата

Ана ПАНОВСКА
Нацијата што е скарана со нормалноста споулавено притиска: ДИЛИТ! И на „СК 2014“ и на загинувањето на Младенов, на затворот на Кежаровски, на бомбардирањето на Космос, на „Диво насеље“, на Крпач, бомбите на Заев, Секој ден по едно институционално злосторство

Гордана ПОПСИМОНОВА
Не може, не треба и не смее да има некакво средно или заедничко прифатливо решение за излез од калта на македонската криза, во смисла – опозицијата ќе победи, а Груевски нема да одговара за криминалот

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Освен будното следење на покемоните од државната администрација, бизнис-заедницата и партискоto членство на социјалните мрежи, перманентно се врши мониторинг на фејсбук-профилите на вработените во службите што лајкуваат коментари со антивладини содржини

Рамадан РАМАДАНИ
Искрено се надевам дека приклучувањето на Зекири кон најголемата опозициска партија ќе донесе добро и за Албанците и за Македонија и дека тоа е она што најмногу ги плаши „лошите“ во земјата

Александар ТОРТЕВСКИ
За кратко време по изборите ќе се согледаат вистинските последици од десетгодишното владеење на фамилијата, ќе се покаже колку метастазирал канцерот на груевизмот во секоја клетка на општеството

Објава на ,,Народен Глас” :

ОПАААААА, ЕВЕ КОЈ ТОА БИЛЕ ШПИУНИ НА СТРАНСКИТЕ СЛУЖБИ : Сашо Мијалков, Горан Груевски и Мирка Велиновска биле шпиони на странски служби!