Судот во Стразбур дозволил употреба на снимка од неовластено прислушување поради претежнувањето на јавниот интерес

0
1275

Судската одлука снимките од прислушувањето да се издвојат како незаконски прибавени докази, правно значи оти тие не ќе може да се користат како доказ во постапката, предупредуваат експерти.

osnoven-sud-skopje-1-skopje

Повеќе правни експерти со кои разговараше Дојче веле, од соопштението на Судот заклучуваат дека таа одлука правно значи оти снимките нема да може да се користат како доказ во постапката. Она што според нив е нејасно од соопштението, е дали судот пред донесувањето на оваа одлука утврдил кој, кога и на каков начин прислушкувал и дали снимките се автентични или монтирани?

„Ако се автентични, тој факт има едно значење, ако се монтирани, тоа повлекува други правни последици. Без да ги утврди овие факти, Судот немал можност да донесе одлука дека овие снимки потекнуваат од неовластено прислушување и да ги издвои од списите на предметот. Најтешка правна последица од ваквата избрзана судска одлука е што сите снимки и транскрипти на кои таа се однесува (согласно чл. 93 ст. 2 од Законот за кривична постапка) се чуваат кај судијата на претходна постапка и тие не можат да се разгледуваат, ниту користат во постапката. Па ако овие решенија станат правосилни и оваа законска одредба се примени, што ќе работи специјалниот обвинител? Согласно со политичкиот договор, тој треба да ја истражи токму содржината на прислушуваните разговори“, вели извор од судството.

strazbur-540x360

Според него, од друга страна, од соопштението не може да се утврди и дали судот при одлучувањето ја имал во предвид релевантната судска практика од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) – одлуката во случајот Schenk v. Switzerland.

„Во тој случај, иако спротивно на законот, националните судови употребиле снимка од неовластено прислушување како доказ во случај на расчистување на едно убиство, Судот во Стразбур застанал на став дека нема повреда на правото на приватност заради претежнувањето на јавниот интерес, а интересот е тој случај да се расчисти“, објаснува соговорникот и не исклучува дека освен правни, оваа одлука ќе отвари многу повеќе политички прашања.