По два часа разговор на висок тон во Судскиот совет, меѓу побунетите судии од Основниот суд Скопје 1 против претседателот на Судот Владимир Панчевски и комисијата оформена во Советот, по повод писмото против Панчевски што го испратија овие судии, сослушувањето на незадоволните судии заврши, објави СДК.
Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски беше единствениот кој даде изјава, но наа беше празна, без детали за тоа што точно се разговарало внатре со побунетите судии и какви сѐ неправилности посочиле тие пред членовите на Судскиот совет. Панчевски, пак, претходно се појавил на одвоен разговор во Судскиот совет и Караџовски рече доколку има потреба, ќе има заедничка средба на судиите кои ја потпишаа претставката и претседателот на Кривичниот суд.
САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека судиите Седат Реџепагиќ, Васил Динковски, Александра Ристеска, Огнен Ставрев, Пајазит Пајазити, Седат Реџепагиќ, Илија Трпков и останатите потписници на писмото, кои дојдоа денеска во Судскиот совет, изнеле факти против Панчевски и за притисоците што ги вршел врз судиите и вработените во судот и за тоа дека одбрана кога е лично нападнат дава преку соопштенија на официјалната страна на Судот.