Судење на Вистината не е можно

0
1150

На Вистината не може да и се суди, затоа што правдата а нели секое судење е борба за правда а тоа подразбира борба за вистината. Правдата е заснована на Вистината. Ако ја осудиме вистината, не може да имаме правда, а без преавда нема мир, спокој, напредок а во такви околности најмногу ќе страдаат граѓаните на чија сметка кликата на власт, ќе се богати.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Токму затоа, обвинението против Зоран Заев, лидерот на опозицијата, е обвинение против Вистината. Власта се дрзнува да и суди на Вистината.  Тоа што Вистината сега е персонализирана во Зоран Заев, е само сплет на низа околности за токму тој како претседател на СДСМ да ја обелодени.

„Македончишта“ кои ја киднапираа државата, односно ги кинднапираа нејзините институции, сега се обидуваат да ни одземат Вистината.

Ваквата цел што си ја поставиле античките „Македончишта“ нема да им успее, туку судењето на Вистината ќе им биде последното претање пред  да мора да си заминат од државните институции.

Ако се случи да дозволиме да ја осудат Вистината, тогаш тешко на Македонија, треба да се запрашаме дали ние, денешните генерации го исполнуваме аманетот на нашите предци.

Да не заборавиме, дека мерка за патриотизмот на овие „Македончишта“ во власта, се парите, а почетна мерна единица им е милион евра.