СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ СТАНУВА ТРАГИ-КОМЕДИЈА: Игор Југ се брани дека отишол да го убива Заев затоа што ако не тој, кој друг?!

0
1554

Докторски титули, функции, кариерни достигнувања, покажување машкост за бранење на Уставот, па дури и татковството искористени како аргументи од одбраната на обвинетите за 27 април. На денешното рочиште се бранеа пратениците кои ги отворија вратите, предводниците на протестот и останатите обвинети за крвавиот упад во Собранието. Адвокатот на Александар Василевски Нинџа, Оливер Вуксановиќ одбраната ја темели на тврдењето дека неговиот клиент не бил во Собранието.

„Ќе докажеме во доказна постапка дека Александар Василевски во тој период пиел кафе и уживал во ресторанот ‘Дион’ и кафулето „’Тренд’ за што може да има проблем само со неговата сопруга, а никако со државата за насилно рушење на уставниот поредок”, рече Вуксановиќ.

Адвокатот Сашо Јанев го бранеше обвинетиот Игор Југ со тврдење дека тој не носел пиштол и со образложение дека машкоста го водела во побудите да го брани Уставот.

„Мојот клиент ми одговори дека срамота е маж од 120 килограми, патриот, да стои и да гледа како баби и дедовци влегуваат да го бранат Уставот и ми одговори дека нема да можел да се погледне во огледало доколку на 27 април не влезел со толпата во Собранието за да го одбрани Уставот“, рече адвокатот Јанев пред судот.

Пратеникот Крсто Муковски кој ги отвори собраниските врати повторно во аргументацијата го потенцираше фактот дека е татко на четири малолетни деца. На рочиштето беше побарано Благоја Василевски да биде повикан како светок. Тој беше обезбедувач на Никола Груевски на службен пат во Виена на крвавиот 27 април. Еден од назначените адвокати се откажа од одбраната зошто немал доволно време да ја подготви.
Тони Менкиновски – адвокат на Горанчо Ангеловски

Денешното рочиште е трето продолжение на судењето за крвавиот упад во Собранието за кој обвинети се 31 лице. Евентуалниот нарачател на упадот не е дел од обвинителниот акт.