Сугарески : Инвестираме над 1 милијарда евра во патишта, еве каде се градиме во моментов!

0
1902

Продолжуваме со засилено темпо во 2019 – Македонија станува големо градилиште! Владата инвестира преку 1 милијарда евра во инфраструктура. Парите на граѓаните за унапредување на квалитетот на живот! Градиме насекаде, во урбани, но и рурални средини. Градиме и реконструираме патишта, водоводи и канализации, градиме нови пруги, пречистителни станици, мостови, инвестираме во нови социјални станови. Продолжуваме со воспоставување нови евтини летови до различни европски дестинации.

Предизивиците во изминатата година целосно ги надминавме. Работевме макотрпно, да исполниме она што ветивме. Како никогаш до сега влеговме во еден силен инвестициски циклус во подобрување на целокупната патна мрежа.

Ги завршивме патните правци:

– Изградба на автопат Демир Капија – Смоквица
– Завршени се градежните работи на автопатот Миладиновци –Штип, во најбрз рок ќе го пуштиме во употреба
– Рехабилитација на возната лента на автопат Петровец – Миладиновци и – Кадино – Хиподром
– Реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци
– Рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец
– Рехабилитација на трета лента на Валандовско брдо
– Рехабилитација на регионален пат Дебар – ГП Блато
– Рехабилитација на регионален пат Петровец – Катланово
– Рехабилитација на регионален пат пат Пршовце – Јегуновце
– Рехабилитација на делница Охрид кај Билјанини извори
– Рехабилитација на регионален пат Берово – Струмица
– Рехабилитација на регионален пат Сарај – Гупчин
– Рехабилитација на регионален пат Битола – Новаци
– Рехабилитација на регионален пат Кочани – Делчево
– Обиколница на Битола
– Обиколница на Скопје
– Реконструкција на регионален пат Гостивар – Колари
– Поставивме осветлување и сигнализација на клучка Скопје Запад, на делница Катланово -Велес, на делница Велес – Петровец, Осветлување на 6 клучки на делница Тетово – Гостивар како и дел од автопатот А2 и А4

Во тек се градежни активности на патните правци:

– Автопат Кичево – Охрид
– Експресен пат Штип – Радовиш – 1 фаза
– Експресен пат на делница Градско – Дреново
– Експресен пат на делница Дреново – Фариш
– Еспресен пат делница Штип – Крупиште
– Експресен пат Ранковце – Крива Паланка
– Реконструкција на регионален пат Ропалце – Матејче
– Реконструкција на регионален пат Колари – Кичево
– Реконструкција на автопатска делница Велес –Градско и Градско Велес
– Реконструкција на регионален пат Кочани – Пониква
– Реконструкција на регионален пат Тркање – Пишица
– Реконструкција на регионален пат Подмоље – Охрид
– Реконструкција на регионален пат Радовиш – Подареш
– Реконструкција на регионален пат Берово – Клепало
– Реконструкција на регионален пат Злетово – Пробиштип
– Реконструкција на регионален пат Негорци – Гевгелија
– Рехабилитација на патен правец Јурумлери – Драчево
– Во тек се и реконструкции на мост на река Вардар кај Удово, нов мост на река Пчиња кај Коњаре, подготвителни работи за реконструкција на река Бабуна кај Богомила, нов мост на река Луда Мара кај с.Ваташа , нов мост на река Коселска кај Охрид, мост кај Сарај, мост на река Вардар кај Пепелиште како и санација на 5 моста на делница од Здуње до Колари.

За многу кратко време ќе започнеме со реконструкција на:

– обиколница на Кочани
– регионален пат Пробиштип – Крупиште
– регионален пат Штип – Радовиш
– регионален пат Крива Паланка -Ранковце
– регионален пат Куманово – Свети Николе
– регионален пат Куманово – Опае
– регионален пат Куманово – Никуштак
– Рехабилитација на патен правец Куманово – Страцин
– Рехабилитација на патен правец Младо Нагоричане – Пелинце
– Рехабилитација на патен правец Куманово – Свети Николе
– Рехабилитација на патен правец Тетово-Попова Шапка
– Рехабилитација на патен правец Битола- Демир Хисар
– Рехабилитација на патен правец Драчево – Орешани
– Рехабилитација на патен правец Делчево – Звегор
– Рехабилитација на патен правец Делчево – Пехчево
– Рехабилитација на патен правец Берово-Виница
– Рехабилитација на патен правец Струмица – Ново Село
– Рехабилитација на патен правец Кавадарци – Росоман.
– Рехабилитација на патен правец Фурка-Богданци – Гевгелија

Оваа година ќе започнеме и со:

– изградба на автопатот Скопје –Блаце
– Изградба на експресен пат делница Крупиште – Кочани -2 фаза
– Изградба на експресен пат делница Бучим до Радовиш -2 фаза
– Изградба на експресен пат делница Прилеп-мост на Леништа река.
– Доизградба на една лента Крива Паланка – Деве Баир
– Изградба на регионален пат Старо Коњарево – Ново Коњарево
– Доизградба на регионален пат на потег фабрика „Вевчанка – Здравствен дом Вевчани,
– Рехабилитација на државен пат Р2235, делница Маврово – Никифорово
– Рехабилитација на државен пат Р1312, делница Прилеп – Прилепско Езеро
– Рехабилитација на државен пат Р1204, делница Кадрифаково – Штип
– Реконструкција на транзитен дел кон Охрид
– Реконструкција на Транзитен дел Кавадарци

Оваа година ќе се распишат тендери за реконструкција на патните правци:

– Катланово – Петровец
– Маврови Анови – Жировница
– Карпалак – Желино
– Катланово – Велес
– Велес – Демир Капија
– Македонска Каменица – Саса
– Узем – Тораница

ЈП за државни патишта работеше и на реконструкција на други регионални патишта во соработка со Македонија пат.
-ЈПДП интензивно работи на модернизација и инсталација на електронски систем за наплата на патарина на Коридор 10
Исто така оваа година ќе им овозможиме 70 милиони евра на општините за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.

Никогаш повеќе нема да дозволиме во 21 век нашите граѓани да се соочуваат со недостаток на елементарни услови за достоинствен живот. Градиме или ги реконструираме постечките водоводни инсталации во: Велес, Неготино, Битола, Ресен, Теарце, Крушево, Сопиште, Желино, Струга, Липково, Крива Паланка и Куманово.
Градиме канализации во општините: Струмица, Струга, Неготино, Долнени, Прилеп, Брвеница, Лозово, Чешиново Облешево и Ѓорче Петров.
Веќе се отпочнати тендерски постапки за изградба на водоводни и канализациони системи во општините: Маврово и Ростуша, Старо Нагоричане, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола, Куманово, Дебрца, Гостивар, Гевгелија, Кавадраци и Радовиш.
Претходно завршивме со изгрaдба на:
– Водоводна мрежа во Студеничани
– Водовод и канализација во Неокази, Пробиштип
– Водовод и каналиација во Сопотски пат, Свети Николе
– Водовод во Гевгелија
– Водовод во Берово
– Реконструкција на водовод во Виница

Министерството за транспорт и врски и во 2019 ќе ја задржи улогата на мотор на инвестициите во владата! Нема запирање додека не го оствариме ветеното! Посветено преговараме за дополнителни 50 милиони евра заем од Европската Инвестициона Банка за 100% покриеност на инвестициите за изградба на канализации и водоводи и подобрување на целокупната комунална инфраструктура во сите општини, без исклучок!

Интензиво работиме на подобрување на железничкиот систем во државата. За таа цел:
– ја забрзавме изградба на пругата од Куманово до Бељаковце,
– обезбедивме 147 милиони евра и оваа година очекуваме да започнеме со изградба на делницата од Бељаковце до Крива Паланка
– обезбедивме 60 милиони евра од ЕУ за третата деланица од Крива Паланка до граница со Бугарија.
– завршивме со градежните работи на пругата од Битола до Кременица.
– во тек е реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино
– работиме на обезбедување на средства за изградба на пругата од Кичево до Лин, Албанија.
– работиме на изградба на заеднички железнички граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Србија
-работиме на обезбедување на средства за осигурување на патните премини на Коридор 8 и Коридор 10
– оваа година ќе се набават 4 нови локомотиви

За решавање на станбеното прешање на најзагрозените категории на граѓани, изградивме и распределивме вкупно 53 станови и тоа:
– 43 станови во Кочани
– 10 станови во Македонски Брод
– во завршна фаза е изградбата на 41 стан во Струмица и 70 станови во Гостивар.
– во тек се подготвителни работи за изградба на згради во Пробиштип, Неготино, Пехчево, Свети Николе, Виница и Скопје- Бутел.

Гасификацијата е наш врвен приоритет на кој му посветуваме особено внимание. Ќе ја гасифицираме Македонија и ќе овозможиме евтин и еколошки енергенс за граѓаните и компаниите. Како резултат на тоа:
– завршивме со изградба на гасоводот од Штип до Неготино
– интензивно се гради делницата Скопје-Тетово-Гостивар
– како и гасоводот од Неготино преку Кавадарци, Прилеп се до Битола
– обезбедивме средства од ЕУ за интерконекциско поврзување со Грција

Обезбедивме финансиска поддршка за нови евтини летови кон европски дестинации во наредните 3 години. Оваа година ќе се воведат:
– нови дестинаци од Скопскиот аеродром
– нови дестинации од Охридскиот аеродром
– одбележивме рекордна бројка на превезени патници и тоа преку 2 милиони патници
– се воведоа нови линии од Скопје до Малта, Рим, Ваксио, Доха, Варшава и Атина,
– а до Охридскиот аеродорм се воведоа до Виена и Истанбул

-Работиме и на формирање на Агенција за бебзедност во сообраќајот.

-Работиме на проект за замена на заштитни огради на 140 км автопат на -патниот Коридор 10.

-Ја изработивме Национална транспортна стратегија 2018 – 2030 која ќе ги даде вистинските правци за развој на севкупниот траснпорт

-Изработуваме нов електронски систем за распределна на ЦЕМТ дозволи и автобуските линии

– Во делот на реформските закони изработивме нов Закон за урбанистичко планирање, а во завршна фаза е новиот Закон за градење.

-Континуирано работиме на изработка на урбанистички планови за општините

– Министертсвото за транспорт и врски стана акционер во МЕПСО. Менаџметот започна инвестиции за подобрување на електропреносната мрежа од преку 50 милиони евра.

Работиме напорно и посветено. Наша должност е да не ја изневериме дадената доверба. Во од ги острануваме наталожени проблеми, пречки и административни бариери за да го исполниме ветеното. Ќе сториме се што е во наша моќ, 2019 да биде пресвртница за инфраструктурните инвестиции. Граѓаните заслужуваат повеќе а ние сме должни тоа да го оствариме! Тоа е нашето работно мото од кое нема да отстапиме !

Фотогалеријата ќе може да ја погледнете на фејсбук профилот на министерот, Горан Сугарески ОВДЕ