Сугаревски: ВМРО-ДПМНЕ десет години и врши мобинг на Македонија

0
973

Откако седницата за пратенички прашања беше прекината по барање на Илија Димовски, кој рече дека од сега прашањата кон премиерот и министрите ќе претставуваат мобинг, седницата продолжи, а Горан Сугаревски од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ десет години и врши мобинг на оваа држава, а во изминатиот период ги блокира сите активности во Собранието.

-ВМРО-ДПМНЕ не сака да се одржи надзорна расправа за поплавите во кои починаа 23 лица, одби надзорна расправа за Охридското Езеро и за УНЕСКО. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја блокира работата на Комисијата за политички систем за извештајот на Марко Зврлевски да не дојде на дневен ред. Денеска ВМРО-ДПМНЕ побара пауза се со цел пратениците на опозицијата да не дојдат тука и да не поставуваат пратенички прашања. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е мобигнот на ВМРО-ДПМНЕ што го врши врз Собранието и врз граѓаните. Очигледно сѐ поголем е стравот на ВМРО од СЈО, рече Сугаревски.

Тој праша дали намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да не остави простор пратениците да поставуваат прашања со цел да се открие вистината за она што се случува во изминатите 10 години.