СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПАРТИЈАТА, ПО ГЛАВА-АДМИНИСТРАТИВЕЦ

0
1446

Како и секој изминат изборен циклус така и сега, на административциве им делат налози за уплата на донации т.н наменски субвенции за партијата во висина од 100 до 1000 евра, па и повеќе, по глава-административец, со обврска средствата да ги донираат на партијата, финансии кои и тоа како ќе и бидат потребни за наредните парламентарни избори.

zare.stevanoski

Не за друго, во наредниот период „Специјалниот„ и тоа како ќе утврди како, кога и приближно колку валкани пари се влезени во партијата. Влез на милиони на милион начини, меѓу кои и овој, кој сега го практикувате преку административната стока која Ви е верна за чување на сопствениот интерес „нишај врата земај плата„.

Ај боже здравје после Април, откако ќе Ве кренат на клоци заслужните и стари кадри на ВМРО-ДПМНЕ, и ќе си ја вратат партијата која си ја присвоивте, ќе видиме по тоа партиските изводи кој административец од Прилеп, колку донирал за партијата т.е кој послужил како белило за перење на Вашите валкани пари.

Чесност, р`тки !! Чесноста на идеологијата на Вашата партија не бара перење на валкани пари. Таа одсекогаш барала и секогаш ќе бара искрена љубов и пожртвуваност на поддржувачите за добробит на државата, преточена преку партиската реална активност и способност членството да ја свати и одбрани идеологијата содржана во тое четири свети букви.

Донатор на текстот посветен за Вас: Жарко Стеваноски