Субвенциите од 6,4 милиони евра за ЗИК ПЕЛАГОНИЈА мора да се ИСПУШАТ: Весниците на Орце Камчев, „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

0
1234

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите, пишува „Мета“.

Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со П.Р. (Политичка рубрика) и Р.Д. (Редакција „Дневник“). Станува збор за текстови кои се однесуваат за случајот „Тортура“, односно апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во „Дневник“ под еден над наслов „Неписменоста на СЈО стана легендарна“ се објавени два текста: „Ристовска: За снимките на Ермира и Ахмери ќе чекаме пријава“ и „КЗ: Се гони по службена должност“ и двата текста се потпишани со Р.Д., а исто така се потпишани и текстовите „СЈО отвори случај за апсењето на Љубе Бошкоски“, со над наслов „Нов театрален настап“ и написот „Аневски: Ако не дојде Јанева, нема да ги добие предметите за „Маѓар Телеком“ и за Верушевски“.

Целиот текст ОВДЕ