Студентскиот пленум бара правен начин за оспорување на изборот на Ректорот Јанкуловски

0
1039

Студентскиот пленум бара правен начин за оспорување на изборот на новиот ректор Никола Јанкуловски. Овој нивен чекор следува откако вчера во тензична и напната атмосфера на Ректоратот, Верификационата комисија ги констатираше мандатите на 10 сенатори од Студентскиот парламент, кои за Пленумот се истечени и нелегитимни.

Ревизија на гласањето на Сенат не може да има, но доколку Пленумот смета дека можат да го оспорат, тоа е нивно право, вели во изјава за Телма поранешниот ректор Велимир Стојкоски. На ним им биле предадени документи од Централен регистар, дека СПУКМ спровеле тајно гласање за избори на студентски сенатори, предложени со печат и потпис, а службите на Универзитетот ги провериле кандидатите. Ние не сме истражен орган да утврдуваме дали печатите и потписите се лажни, си има истражни постапки, вели Стојковски.

На седницата на Сенатот е формирана Комисија од 11 членови, од која двајца ќе бидат од Студентскиот пленум, а двајца од Студентскиот парламент. Комисијата ќе работи на менување на статутот на УКИМ во делот на делувањето на студентското организирање.

Со сегашниот статут, нам не ни дава можност да имаме влијание врз СПУКМ, тие се посебно правно лице, вели Стојкоски. Со измената доколку се изгласа, Универзитетот би имал поголема контрола на работата на студентите.

Околку изборот на Јанкуловски за нов ректор, со став изглегоа и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Според опозицијата, не може да се избројат сите нерегуларности и недемократскиот амбиент во кој се избираше новиот ректор.

Како ректорот ќе води ако нема храброст да се соочи со академската јавност, без слобода, автономија… Знае ли воопшто ректорот што е автономија на универизтетот? Каде беше ректорот кога студентите се тепаа, се прогонуваа, Петар Атанасов – претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ

Со реакција се јави и владејачката партија. Инквизиторското однесување на СДСМ во образованието продолжува со несмален интензитет, реагира ВМРО ДПМНЕ. Според партијата, врв на упад во автономија на Универзитетот е да се оспорува одлуката на Сенатот, а СДСМ го прави токму тоа, откако вчера безуспешно го спречи изборот на нов ректор, се вели во соопштението.

Извор: Телма