Извори во Државната изборна комисија за Канал 5 потврдуваат дека со ова се реактивира работата на оваа група чија главна тема ќе биде ново прочистување на избирачкиот список.
Во групата освен членови на ДИК има и партиски претставнци на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, но и претставници на меѓународната заедница, ЕУ, САД, ОБСЕ.
Во работната група се вклучени и сите институции одговорни за редовното ажурирање на избирачкито список, МВР, Управата за водење на матични книги, Државнит завод и други.
Сите задно, велат во ДИК ќе го договараат новиот концепт за проверка на списокот.
Неформално дознаваме дека е договорено помеѓу двете преговарачки групи избирачкиот список да го исчистат странците и двете преговарачки страни тоа да го аминуваат како конечно. Од ДПМНЕ брифираат дека и за медиумскиот дел не биле толку далечни ставовите и дека тоа Заев така го претставил за своја употреба кај своето членство дека станувале спорни НЕКОЛКУ ЗБОРЧИЊА тоест распоредот како кој збор каде ќе стои. Се зборува дека во ВМРО ДПМНЕ засилено се спроведуваат анкети за различни аспекти, последната била со прашањето: ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃААТ ГРАДБИТЕ ВО СКОПЈЕ 2014 та и која според партиски избори била успешна оти 63% одговориле позтивно и тоа интересно поголем процент во руралните средини додека во Скопје 60% биле против овој проект а 40% ЗА.
Од весниците дознавме дека се вршат и смени во Општинските Комитети во повеќе градови, има конкурс за нови општински претседатели во владејалката партија.