Странски експерти ќе ги враќаат евентуално избришаните податоци во УБК

0
1292

Можност за меѓународна помош и експертиза при истрагата за прислушуваните разговори беше предвидена во извештајот на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе, објавен во јуни минатата година.

„Ефективната истрага може да побара одземање на лог фајловите со податоци и сите достапни архиви со лог фајлови со податоци од УБК и телекомуникациските оператори и нивна споредба со издадените судски наредби. Онаму каде што е потребно, истражителите може да ја разгледаат можноста за меѓународна помош и експертиза, на пример, за враќање или проверка на автентичноста на избришаните лог фајлови со податоци“, стои во препораките во извештајот на Прибе.

Шведската компанија „Ериксон“, која е производител на опремата за прислушување во УБК, во саботата потврди дека добила барање од Специјалното јавно обвинителство за техничка помош во истрагата за прислушувањето, но кажа дека компанијата не е сопственик, ниту оперира со опремата за прислушување. Од „Ериксон“ за Сакам да кажам изјавија дека нема да коментираат додека трае истрагата и упатуваат на СЈО за сите прашања во врска со случајот.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ