Стравови и немирни, непреспани ноќи на претседателот на судот

0
1319

Претседателот на скопска единица Панчевски стравува дека странците ќе издејствуваат и Специјално судско одделение. Владимир, сакам да те прашам нешто што мислам дека илјадници граѓани би сакале да те прашаат – од што тоа се плашиш?

Па посебно судско одделение само може да го зајакне квалитетот на судот! Тоа би биле најдобрите судии – кривичари од цела Македонија! Ти би требало да се радуваш и лобираш токму за таков посебен оддел. Секој претседател на суд би сакал неговиот суд да биде најдобриот! Единствена разлика во овој случај би била што ти лично, ако досега си имал, сега нема да имаш контрола врз ниеден судија.

Јас и мнозина граѓани на Република Македонија стравови како твоите немаме, а и мирно си спиеме. Ниту имаме наши и ваши судии, нити пак контролираме судии. Нашите црни тефтерчиња не се полни со имиња на судии, туку веројатно со датуми за доспевање на долгови што треба да се подмират.

Како вели Исус, драг Панчевски – the truth will set you free – Вистината ќе те ослободи!

А и онаа жената со заврзани очи што ја ставате и лепите насекаде, како ли се викаше, а да, Јустиција, го мислеше истото. Како вели таа, превезот претставува објективност, правдата ќе биде делена без страв или наклонетост од и кон некого, без разлика на пари, богатство, статус во општеството, моќ или идентитет – правдата е слепа и импарцијална!

А мечот во нејзината рака, мечот е друга работа.

Не плаши се драг Владимире од правда, плаши се од неправда.

Роберт Милески – Фејсбук статус