Стојчески за Фокус: Луѓе од власта во центар имаат имот вреден 500 милиони евра!

0
935

Во новиот број на неделникот „Фокус“:

Naslovna-1036-400x540

ДПМУЊАРСКИ МАЈМУНЛАЦИ
Колку радост прозрачи низ етерот дека полицијата за само три часа, експресно де, ги уловила крадците на мајмунчето. Нормално, за оние крадци на милионски провизии, за насилниците што џигеросуваат инакумислечки фаци, дпмуњарските институции не смеат да бекнат, а не, пак, да уапсат некој ваков мрсник. И сега ќе стокмуваме ново, специјално обвинителство, море и специјална МТВ, за да дојдеме до „левелот“ каде што луѓето ничкосани од власта ќе добијат ист третман како Лука мајмунот?

ЗАШТИТЕН НАСИЛНИК
Гордана Наумовска, сопруга на пратеникот од дијаспората, Васко Наумовски во писмо од Австралија за „Фокус“ ја објаснува голготата што ја поминала во брак со пратеникот, тепањето и психичкиот терор. Наумовска се плаши дека нејзиниот живот и животот на нејзините роднини е во опасност, особено зашто пратеникот е заштитен од владеачката партија

ЛУЃЕ ОД ВЛАСТА, ВО ЦЕНТАР ИМААТ ИМОТ ВРЕДЕН 500 МИЛИОНИ ЕВРА!
Главниот инспектор за градежништво во Општина Центар стравува дека ќе биде уапсен затоа што застанува на патот на интересите на владејачката партија, која има интерес за изградба на повеќе објекти на територијата на општината. Вртоглавата сума од половина милијарда евра вреден имот е причина централната да ја попречува работата на локалната власт

ОБВИНИТЕЛКА ПО ЌЕФ НА ФАМИЛИЈАТА
Услов за напредок во обвинителската кариера е обвинителот да има голем успех во постапувањето по предметите. Скопската јавна обвинителка Гордана Гешковска напредувала во кариерата иако дел од предметите ѝ паѓале како круши. Сега, пак, е исправена пред нов предизвик, дали да ги гони тие што ја „искачија“ на врвот

ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА
Груевски може да бега од специјален обвинител, но не може да им избега на „бомбите“! Зошто, по ѓаволите, им даде 17 милиони евра на Белгијците од Ван Хул? Не може ли со нивните автобуси да се отпатува во некое соѕвездие, на некоја новооткриена планета од НАСА каде што нема специјален обвинител?

МАЈСТОР ЗА ЗДЕЛКИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ
Откако директорот на  белгиската фабрика за производство на автобуси во Македонија откри дека благодарение на субвенција од државата од 17 милиони евра, „Ван Хул“ се спасил од банкрот, јавноста прашува зошто милиони евра на граѓаните завршуваат во приватни џебови на нетранспарентен начин

АФЕРА „ЦЕНТРОПРОМЕТ“
Дали началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески влијаел врз судството во корист на својот брат Борче Котески за да обезбеди позитивна пресуда во спорот за сопственост на имотот наследен од прилепскиот гигант „Центропромет“  во кој спаѓаат стоковна куќа и повеќе деловни објекти

НЕКОИ ГЛАСАЧИ СЕ ПОЕДНАКВИ
Македонија пак се подели околу темата „Дали иселениците треба да гласаат на македонските избори“. Како и обично, некои навиваат за нивниот човек, а други за нивниот ѕид. Бидејќи вистинска дебата за таа тема – сега засега – нема!

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Нашите државни раководители во нивните Илинденски говори не го ни спомнуваа јунско-јулскиот Договор од Пржино. А со тој документ, потпишан од лидерите на четирите парламентарни партии, се бараат темелни промени во начинот на владеењето, отфрлање на бруталните злоупотреби на власта, оживување на замрениот демократски процес во државата

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во движењето низ мрачните партиски лавиринти, корумпираните полицајци, сепак, се само фигури од просечен ранг, иако постои лажен впечаток дека тие, божем, во скут ги држат своите политичко-партиски ментори затоа што за нив знаеле повеќе отколку што се смеело. Но, тоа е само глорифицирана чаршиска заблуда