Стилот на KEJTY JAN, македонската специјална обвинителка што ќе крева прашина

0
1645

Каков стил негува Катица Јанева, новоизбраната специјална јавна обвинителка во Македонија, а каков нејзината „двојничка“ KEJTY JAN? Која е жената што ќе крева прашина? Неколку фотографии покажуваат дека Катица и KEJTY обожуваат патување, дружење со пријателки, кафе и десерти, цвеќе, а уживаат и ги споделуваат радостите во семејството. Но, која е Катица, а која KEJTY, прашува НОВА.

katica-janeva5-540x362

Македонија ја доби новата специјална јавна обвинителка во ликот на гевгелиската обвинителка Катица Јанева, која треба да ги расчисти кривичните дела кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори, во голем дел обелоденети во т.н. политички бомби во периодот од 2008 година до сега.

Не така одамна, пред само пет дена, кога осамна името на Јанева дека рано утрото на 15 септември била предложена за специјален јавен обвинител, медиумите се „испотепаа“ да најдат нејзина фотографија, но речиси без успешно. Се вртеше само една фотографија, со мала резолуција, сликана во фризерски салон, се до доцна попладнето, кога не се појави и нејзината втора фотографија која самата ја поставила во професионална биографија.

katica-janeva2-540x281

Досетливите компјутерџии го линкуваа и пребарувачот на Google, каде што едното „о“ беше пополнето со малата фотографија на Катица Јанева која единствено можела да се пронајде на интернет пребарувачот!

Ден подоцна, специјалната јавна обвинителка се појави пред медиумите на давањето на заклетвата, а нејзините фотографии ги наполнија медиумите. Таа, за да ги почести сите, во малата сала на Советот на обвинители, позираше вртејќи се и на едната и на другата страна, удостојувајќи ги снимателите и фоторепортерите кои беа присутни во голем број и ја фотографираа.

Но, сепак, во малото „глобално село“ наречено интернет, функционирал и Фејсбук профил на „двојничката“ на македонската обвинителка, која многу наликува на неа, имаат дури и низа сличности, сакаат патувања, кафе и десерти, па дури се чини дека имаат и иста професија. За изненадување е и тоа што и Катица Јанева и нашата хероина која ја претставуваме низ фотографии потекнуваат од Гевгелија, родени се во 1965 година, со тоа што, разликата е само во името.

2701-540x324

На првата фотографија, облечена во тога на давањето на заклетвата е Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка, а на другите, тоа е 50 годишната гевгеличанка KEJTY JAN, од чиј профил ги позајмивме овие фотографии.

Гевгеличанката KEJTY, како што може да се види од нејзиниот профил сака да патува и приватно и професионално. Веднаш во очи паѓа фотографијата на која KEJTY е сликана во американска судница, а фотографијата со ФБ пријателите е споделена на 23 февруари оваа година.

Профилната фотографија е семејна, но таа нема да ја споделуваме со јавноста бидејќи на неа е починатиот сопруг на обвинителката, а таа побара од медиумите да не ја експонираат токму поради овој факт.

3431-540x324

На другите фотографии, се претставени патувања, омилени десерти, кафе и цвеќиња, дружење со пријателки и со поширок круг на пријатели, како и дипломирањето на наследникот, синот правник.

88898998-324x540

Повеќе од текстот на НОВА на следниот линк.