СТИГААТ ЗАКАНИ ОД ЦЕЛ СВЕТ ЗА ВМРОВЦИТЕ: Хан бара ВМРО ДПМНЕ да го поддржи договорот, во спротивно ќе одговара за тешките последици за граѓаните

0
2823

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за Еуроактив, се осврна и на одговорноста на опозицијата, и изрази сомнеж дека нови избори би донеле двотретинско мнозинство.

– Последиците од бојкотот на опозицијата може да ја уназадат земјата во развојните процеси – рече Хан.

Хан смета дека на „средни патеки“ нови избори може да доведат до ризични одложувања на процесот. Тоа не би му послужило никому, бидејќи не е јасно дали нови избори би донеле двотретинско мнозинство потребно за да се прифати договорот за името.

– Дополнително, трпението на Грција има свои граници. Атина досега се однесуваше конструктиво, но и таа има свој политички календар – вели Хан.

Од тие причини Хан бара договорот за името да биде прифатен без одложување.

Во денешен твитер коментар Хан ја повика опозицијата да се однесува државнички и да го поддржи договорот од Преспа.

– Ако не успее во тоа, тогаш ќе мора да одговара за тешките последици за граѓаните на Македонија – смета Хан.