Стефоска: Најголемиот проблем во Македонија е иселувањето на младите

0
944

Најголемиот проблем во Македонија е иселувањето на младите. Македонија вложува во кадри од чие знаење потоа ќар имаат други држави. Во Охрид, македонскиот бисер и најголема гордост оваа катастрофа е највидлива – Охрид е рекордер по иселувањето. Зарем некој на кого му е добро би ја напуштил оваа убавина, на која сите и завидуваат? Најдобар показател за успешноста на политичарите е тоа дали младите имаат шанса да создаваат и да работат дома. ВМРО-ДПМНЕ од незнаење, инает и алчност ја запусте Македонија. Бегаат и оние кои немаат, и оние кои имаат, зошто сакаат шанса за живот во Македонија, шанса што не ја добиваат. Младите не сакаат преку леб погача, младите сакаат нормален живот тука, во Охрид, во Македонија, изјави проф. д-р Ирена Стефоска, кандидат за пратеник во ИЕ 5 од СДСМ и коалицијата и долгогодишен граѓански активист Охрид.

– Нашата цел е да обезбедиме услови за младите тука да останат, тука да работаат и тука да придонесуваат. Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидовме неповратни 10 илјади евра за младите со добри бизнис идеи, како и 140 милиони евра за домашните фирми, пари кои ќе ги насочиме кон вработување, пред се на младите. Ќе обезбедиме и ќе ги подобриме условите за квалитетно образование. Нема повеќе лоши учебници, нема повеќе наставни содржини кои поттикнуваат предрасуди. Нема повеќе екстерно! Никогаш повеќе стресови за учениците, наставниците и родителите. Наша цел се задоволни и исполнети луѓе. Во нашиот План за Живот има место за сите, а најважно за нас да ги задржиме младите во Македонија. Младите се нашата иднина, младите се нашата надеж, младите се нашата единствена шанса за напредок. Затоа на 11 декември, оваа недела, гласајте за бројот 4, гласајте за живот во Македонија – рече Стефоска.