Стефан Богоев: Тие воопшто немаат поима дека државата не е партијата, институциите не се штабови на ДПМНЕ

0
1053

Одвојување на партија од држава!?!?!?

‪#‎ШаренатаРеволуција‬ бои окупирани, државни институции и бесмислени, прескапи споменици платени од наши пари, а тие “враќаат”, мило за драго на штабови на опозицијата, на седишта на невладини и на приватни локали на луѓе кои протестираат. Тие боењето на државна институција или споменик го доживуваат како напад на нив лично или на нивната партија. Тие воопшто немаат поима дека државата не е партијата, институциите не се штабови на ДПМНЕ, дека колку се нивни толку се и мои и наши тие институции и споменици, напротив со вакви потези само докажуваат дека после 10 години владеење за нив е сосема нормално и вообичаено да се цеди државата за партијата од секој аспект.

Нивниот мајндсет е така “наштелуван” од континуираната пропаганда, мислат дека државата им е приватна сопственост!

Против ова се бориме!

И победуваме!
Продолжуваме во 18 часот пред СЈО!

Фејсбук статус на Стефан Богоев