Стефан Богоев: Карпош е моето секојдневие, мојата љубов, мојот живот, ајде сите заедно да го направиме Карпош поубав за сите!

0
1661

Карпош е моето секојдневие, мојата љубов, мојот живот…Во Карпош израснав, тука учев и го градев моето образование. Во оваа општина ги поминувам и најубавите години од мојот живот, а планирам уште многу да изодам.
И тоа заедно со вас! 

Затоа што тука се моите најдобри другарки и другари, тука се незаборавните маалски дружби на Млечен, безброј споделени моменти со драги луѓе. Тука и ќе продолжам да живеам заедно со сите вас, градејќи подобар Карпош заедно за сите нас – граѓаните на општината која што е големото срце на Скопје. Периодот што е пред нас, ми носи и дополнителен товар, да ја оправдам укажаната доверба. Меѓутоа, колку е товар, уште повеќе е мотив, заедно со мојот тим, со големиот број на млади, но и поискусни луѓе во Карпош, лице во лице и врата до врата да ви ја претставиме Визијата за Живот во Карпош – Општина за сите!

Од сè срце ви благодарам на големата поддршка! Тоа е тој огромен импулс, тој мотивирачки предизвик за уште поголема работа и посветеност во претстојниот период.

Енергијата и авангардноста ја симболизираат младоста.
Младоста ми дава мотив да бидам достапен секогаш за Вас, заедно да се справиме со загадувањето, урбаната мафија и заштита на зеленилото.Вклученоста на поискусните и нивните совети, се одраз на нашата разумност.Само сите заедно можеме да успееме! Затоа, ве повикувам сите да се вклучите за голема победа во Карпош, уште во првиот изборен круг од локалните избори. Да испратиме громогласна порака од Карпош – Општина за сите!

Сите за Карпош! Карпош за Сите!

Фејсбук статус на пратеникот и кандидат за градоначалник на Карпош, Стефан Богоев