Стевчо Муња може е од село Подржи Коњ, Паланечко, ама му работи тоа лејката и го шие дури и Грујо, си игра курташак со жителите на Карпош: Ги поканил осамените жени на ручек за свети Валентајн и им делел ружи и бакнежи?!

0
3509

Stevce-deli-rozi-4-Custom1-540x344

По повод Свети Трифун и Свети Валентајн, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и општината, по петти пат организираа појадок за сите оние кои немаат или, пак, го загубиле својот животен сопатник, а осамените карпошани заедно го прославија празникот на љубовта, пренесе Република.

– Самотијата е тешка секој ден, но најтешка за време на празниците. Со дружба, меѓу пријатели, локалната самоуправа сака да им покаже на своите граѓани не се сами. Ние не се грижиме само за инфраструктура, туку и за душата – изјави Јакимовски.

На појадокот присуствуваа претежно постари дами, но меѓу присутните во ресторанот „14-ка“ имаше и млади девојки, а и мажи. Секој од нив покрај појадокот, доби и по една роза. Градоначалникот, пак, доби пофалби, прегратки и бакнежи.

Добро, ние не се сомневаме дека ако е потребно Стевчо ќе се жртвува и ќе ги посети овие жени и од врата на врата за да ги усреќи, што би се рекло – СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И КАРПОШ!

Ова не потсети на една анегдота која ја направил легендарниот Љубисав Иванов – Ѕинго за време на една политичка кампања во 90-тите. На еден митинг на СПМ во едно село во околината на Велес, додека држел говор на кој ветувал дека ќе направи во селото пат, канализација, водовод, болница, школо, градинка, селаните извикале дека немале деца во селото на што легендата Ѕинго инстинктивно возвратил – И ТОА ЌЕ ВИ НАПРАВИМЕ! 😀