Стево Пендаровски: Ние не ги признаваме изборите не дека сме губеле туку затоа што сме победувале!

0
1788

Да нема забуна, опозицијата не ги призна изборните резултати во 2014-та, не затоа што мислеше дека има изгубено со помала разлика од официјалната, туку затоа што конечно обезбеди докази дека од 2011-та до денес требало да победува на изборите. Се разбира дека сето ова треба да се докаже и во законска процедура, меѓутоа, сите индиции укажуваат дека “победата” на Иванов е помалку легитимна од “победата” на Груевски – изјави Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател на државата на последните избори, во интервју за порталот Локално

Ако е тоа така тогаш на самопрогласениот претседател Иванов ќе му биде лесно да помилува обвинети за изборен криминал, во пакет нели со уставниот суд , или можеби очекувате да се спротистави , барем како професор околу тоа што е уставно -неуставно?

Научна фантастика е дека Иванов било кога ќе се спротивстави на било која одлука на партијата на власт, најмалку околу помилувањето за изборниот криминал, бидејќи многу добро знае како е избран.

Колку држи тезата на владините дека тие ја бранат државата, а опозицијата и странците преддавнички ја разнебитуваат. Онаа гласното нели предавници и патриоти?

Без исклучок, таа теза е содржана во арсеналот на буквално сите декадентни националистички движења од 19 век до денес. За мене воопшто не е изненадување што владеачката партија упорно ја рециклира таа теза во јавноста затоа што нејзиното највисоко раководство со години покажува дека е во сериозен расчекор со светот во 21-от век. Се разбира, тука има и силни лични мотиви кај првите луѓе во власта кои иако добро знаат што правеле во изминатава деценија, сепак, не можат јавно да признаат дека се криминалци.

Медиумите блокирани и злоупотребени, избирачкиот засега само вкрстен, пораката на меѓународнаа заедница вин вин за двете страни и закажани избори на 5 јуни во пакет Заев се плачи од избори – Реално чиј е стравот?

Стравот на власта од губење на изборите е најголем. Според мене, тој страв кај нив е дури и природен затоа што многумина при изборен пораз сигурно не би седеле во опозициските клупи. Меѓутоа, кај демократската јавност исто така постои страв од тн. избори без избор, особено ако меѓународниот фактор инсистира на стабилност и на датум, наместо на слободен избор и демократски амбиент.

Тогаш каде е излезот кое е решението?
Ако сакаме Македонија да биде демократска држава, а не диктатура, излезот е само еден: доследна имплементација на договорот од Пржино и извештајот на Прибе, без да се тврди дека датумот на избори е поважен од нивниот квалитет. Инаку, алтернативата е застрашувачка: држава во приватна сопственост на неколку луѓе кои ќе бидат господари на нашите животи и судбини. За секој разумен човек изборот е јасен.

Интервјуто во целост прочитајте го ОВДЕ