СТАРЧЕВО ЌЕ ГО УМРИМЕ СО НАШИОТ МАКЕДОНСКО – ГРЧКИ СПОР – Нимиц : Најважно е што постои решителност и подготвеност за решение

0
1345

Посредникот во спорот со Грција Метју Нимиц по денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека засега охрабрувачики е што оваа прашање е во фокусот на и на двете влади, и на грчката и на македонската.

Како што рече Нимиц тој увидел решителност и подготвеност за ставање крај на овој дводецениски проблем, но дека секоја од страните  треба да го земе предвид мислењето на другата страна.

Нимиц информира дека на средбата со премиерот Заев утрово потоа и со министерот за надворешни работи не се разговарало за конретни предлози, односно ниту новата Влада ниту тој не ставиле на маса нешто ново, и дека е рано да се зборува за конкретно решение.

Сепак, како што рече тој, политичка волја постои и од македонска и од грчка страна.

Извор : НоваТВ