Станав кај 4 за у ве це. И као навика земав телефонот со мене. Завртев тро низ почетна и имаше неколку фотки постари од Отец Пимен на кој соодветен дечко стаил коментар предавник

0
1965

Станав кај 4 за у ве це. И као навика земав телефонот со мене. Завртев тро низ почетна и имаше неколку фотки постари од Отец Пимен на кој соодветен дечко стаил коментар “предавник” или нешто така слично. Ја така замижена анфренд на дечкото му направив и си легнав пак. Е сеа не ми беше муабетот дечкото а најмалку па “предавник” е зборот шо ме испровоцира. Богами кај отецот има релативно голем фонд на зборови од ваков тип во коментари. Реков,чекај ќе одам до кај него ќе најдам некој соодветен статус да си кажам де. Ама кај него дур стигниш до негов статус патот е бааѓи долг. Кој стигнал “серел”(прв пат го користам зборов у ваква конотација). Застанав, се подзамислив дали и ја да си покакам кога веќе сите други тука. Реков,не бе Марија па си имаш твое ве це,мацај си дома и ако треба ќе си чистиш дома.
И сеа поентата.

Колку само гнасотилоци има во коментари кај Отецот константно. Јас неможам да верувам. Чинам сите гомната таму ги истураат. НЕЗНАМ ДАЛИ ЕДНАШ ЌЕ НАУЧИМЕ ДЕКА ОТРОВОТ КОЈ ИЗЛЕГУВА ОД НАШИТЕ УСТИ ЗБОРУВА ЗА ТОА КОЛКУ СМЕ НИЕ ЗАТРУЕНИ А НЕ ОНОЈ КОН КОГО ГИ УПАТУВАМЕ. Отецот во ниту еден момент не вратил на отровот со отров. Па велите,Господ ќе ве казни!
За што?!

Затоа што има свој став кој се разликува од вашиот?!
Ако е свештено лице,значи дека му е испран мозокот ли и дека не размислува?!
Кажал јавно дека ќе гласа “за”.

Ок,негово право,мое право,твое право,па нели државава е демократска.
Ако кажеше “бојкотирам” ќе го каменуваа оние другите во тој случај.
Мојот став не значи дека штитам една од двете за жал страни,мојот збор значи дека го избирам едниот од двата избори.
10 луѓе кои во годиниве назад кои со врвот си играат константно на ти го- дај ми го и ви го направиле животот таков каков што ви е кој ве исполнил со отров,очај,бес,завист,покорност итн итн.

Среќни ли сте!?
Чувствата ви пријат ли?!
Исполнети ли сте?!

Имате ли концепт за иднината и возможно ли е да го реализирате во условите какви се?!
Ако одговорот ви е потврден,тогаш кажете го тоа на глас и гласајте “против” или бојкотирајте(за што не ви ја гледам поентата).
Ако одговорите ви се негативни, тогаш гласајте “за” и молете Бога на арно да биде.
Ваше е правото да одлучите каква ќе ви е иднината.

Кажаното “за” на Отец Пимен баш и не ви ја одлучува.
Научете да размислувате пред да блуите,бројте до 100 ако треба пред да го плукнете,и кога ќе го плукнете внимателно одбирајте ги зборовите,тие се ваша иднина,тие се ваша лика и прилика.
Не планирав вака рефератски да биде ниту ум да давам…ама ми се гадат гнасотиите кои ги коментирате.
Ајде земајте камењата сега, ве чекам 😁

Фејсбук статус на Марија Стефанова