Стаменковски до МВР: Ќе ги уапсите ли тепачите, или јас да ги објавам?!

0
912

Сопственикот на Дoказ кој минатата недела во попладневните чаови беше брутално претепан со шипки и клоци од 5 мина напаѓачи додека седел надвор во кафуле со пријател, го губи трпението,од бавноста во пронаоѓање и апсење на тепачите.

marjan-eko-stamenkovski-blackwhite-kolumni

Стаменковски кој од нападот “ заработи“ скршен нос и рака веднаш по нападот повикувајки се на свои извори изјави дека напаѓачите кои не биле маскирани се снимени од безбедносни камери и снимките ги има полцијата.

Во нтерес на истрагата не ги објавуваме ни снимките ни напаѓачите,чекаме полицијата тоа да го стори,вели тој. Сепак збунет е од бавната полициска потрага по тепачите. Вечерва на неговиот портал Доказ тој напиша

“Сакам да го поздравам Ивица началникот во СВР и јавно да го прашам знам дека ги имате во рака што се чека, јас ли да објавам кои се или да одам и еден по еден да ги испоубијам?“

Дел од провладините медиуми го обвинја Стаменковски дека нападот го измислил а некои од нив и дури дека не бил претепан за објавена информација туку дека имал неплатени долгови.

ЗНМ остро реагираше и ја повика полицијата што побрзо да го расчисти овој инцидент но и да се завземе да престане зачестеното тепање и заканување на новинарите во Македонја.