Ставрески и се жали на Гоца за притисоци од Грујо: Не тера да напраиме незаконско нешто, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите!

0
1080

stavreski-jankulovskatavr

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Да ти кажам ноќеска каква порака добив ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата.

ГЈ: Ја ти викам…

ЗС: Не тера да напраиме незаконско нешто. Не ја, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите и нејќат луѓето да потпишат. И во право се што нејќат.

ГЈ: Да де де.

ЗС: Е сега место со нив тоа да го расправа, сега они и да го јаваат, јас сум месинџерот, мене ми се јавува, ова зошто е вака зашто е така, не е потпишано. Му  објаснувам зашто не е, и му пишувам во пораката и мислам дека се во право луѓето. И ми враќа порака јаките експерти, јаките правни експерти Миле и Владо, а и ти како искусен правник сте дошле до заклучок дека е, и нешто ми дрнда таму.

ГЈ: Глупости. Па тој што вика дека е ок, нека го потпише.

ЗС: И да не сме во право, пази, и да не сме у право, начин ли е тоа бе со тројца твои соработници?

ГЈ: Да де. Ама и не само тоа, ако некој некомотно се чувствува, значи има нешто.

ЗС: Така е. Пак е да речам забегана порака. Онака, човек што изгубил контакт со реалноста. Не е во ред, не можеш да вреѓаш така.

ГЈ: Да бе да, мислам на крајот.

ЗС: Ако не сум јас искусен правник, шест години работам со проблематика, знам да проценам

ГС: Ама независно…

ЗС: Што треба да потпишат знаеш? Договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштава без тендер. Тоа треба луѓево да потпишат.

ГЈ: Па не може така.